Системот за ласерско чистење на растерски ваљаци I-LAC обезбедува целосно чистење на секоја линијатура, независно од големината на ваљакот, без да го оштети цилиндерот, го чисти растерскиот ваљак до дното на клетката.
Кај машини со големи растерски ваљаци или такви кои се вадат тешко, машината може да изврши on-line чистење без да е потребно да се вади ваљакот.
Се врши тест на волуменот пред и после чистење. Тестот се врши преку системот за мерење на волумен URMI, кај кој се симулира реалниот процес за пренос на мастилото.